Monday, April 8, 2013

6 убави животни кои се пред истребување


Пустински мачки

Четири пустински мачки се родени пред три недели во Отворена зоолошка градина близу најголемиот град во Израел – Тел Авив. Овој вид мачки во Израел се сметаат за исчезнати додека од интернационалната унија за сочувување на природата (IUCN) овие мачки спаѓаат во загрозени видови. Сликата од десно направена на 14 август 2012 година и на неа се последните примероци од овие мачки.
Пустинска лисица

Оваа лисица живее во северна Африка и средниот исток, а во моментот е во опасност од исчезнување поради намалување на територијата и зголемување на туризмот во истата. Има големи уши и лови преку ноќ, а може да слушне и движење под земјата.
Египетска желка

Со латинско име Testudo kleinmani исто позната како Клинманска желка, ова животинче во моментов се наоѓа на листата на загрозени животни од IUCN. Веќе се верува дека не постои ни еден примерок во Египед, а близу илјада од поодамна се пренесени во САД за одгледување во зоолошки градини.
Морска видра

Морските видри се ловени поради нивното крзно, па како резултат на тоа денес се загрозен вид и нивниот број во северозападен Пацифик е нешто помалку од 2.000 вакви животни. Како и да е, поради заштитата со закон од пред некоја година бројот на овие жвотни во целиот свет изнесува околу 100 илјади.

Белуга или бел кит
Американската влада семета дека овој вид е значително загрозен во нивното родно живеалише – Алјаска. Постојат само уште 100.000 примероци во дивината, а поради нивните интересни звуци се мсетаат за „сирени на морето“.


Сивиот Лемур

Овој сив Лемур е најден единствено во Мадагаскар каде што се храни со бамбусот поради што е познат и како бамбусов Лемур. Инаку е нешто како полумајмун и е исто така загрозен вид.